| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Идеја за шармантен букет со цвеќиња- каранфили, ружи, ехеверија,есенски цветови и плодови.

За почеток набравме голем букет од ехеверија, што ќе го врзиме со спирален повез и ќе го ставаме во малечка ниска вазна, којашто потоа ја ставаме во поголема вазна.

Затоа и се вика букет меѓу вински спомени! Пронајдете висока поголема вазна, којашто ќе ја наполнете со вински тапи. Ефектот е совршен, како што можете да видете од сликите.

Букетот се состои од црвени ружи, портокалови и црвени каранфили, гранки од плодовите од шипка, гранки од Brunia albiflora, зелени листови од ниска грмушка, а можеме да искористиме и листови од магнолија, ловор, бршлен........

Цветовите најпрвин ќе ги исчистите од листовите, бидејќи листовите кога се во вода многу побрзо скапуваат.

Ехеверијата може да ја најдете во најразлични бои (од зелена, сина, златна ...).

Ехеверијата ќе ја извадиме од саксија, вимателно ќе го отстраниме коренот од земјата и ќе направиме букет.

Кога букетот ќе Ви се исуши, ехеверијата одново ќе ја засадите во саксијата. На овој начин ќе ја подмладите и долго ќе можете да уживате во неа.

Секој цвет го врзувате со посебна жица за цветови.

Букетот ќе го започете со најубавиот цвет на ехеверијата, а потоа ќе продолжите со останатите цветови и гранчиња.

Ставајте дел цветови, дел зелени гранки, за да изгледа богато, сẻ додека не ја постигнете посакуваната големина.

Кога букетот ќе биде готов, го ставате во малата вазна, како што споменав на почеток, а потоа во гoлемата.

Овој букет е идеален за трпеза на којашто ќе служите добро црвено вино.

Уживајте во аранжираната убавина!
Дом и Стил
9. окт 2010
Гроздобер, трпеза и вино.... |
Пресадување на цвеќињата -Совет од Јожица |
Трпеза за уживање |
Вазни од обични безбојни шишиња |
Моја декорација: рециклирана вазна |