| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Тиквите, најчесто, служат за резберање или како свеќници, но ние пронајдовме една облека од украсна хартија - и погледнете како изгледа с
Ова е необична есенска декорација според примерите на тиквите од Ноќта на вештиците.Три бели тиквиња со зелени пруги од коишто едното облекло пижами и заспало!
И, така скроивме светлосина пижама со бели точки за нашата поспана тиквичка. Децата нормално обожаваат да учествуваат во оваа декорација. Тиквичките се совршен украс за во детската соба.
Потребен матријал за да направите една ваква тиква е:
-тиква,
-декоративна хартија,
-лепило за дрво,
-четка,
-жица,
-клешта.
Најнапред ја сечеме хартијата на мали кругови, што ги лепиме дел по дел на тиквата. Внимателно ги лепиме за да добиеме една компактна површина, слој- по - слој , со лепилото.
Ставајте потанок слој за да изгледа сẻ пофино.На дршката од тиквата ја виткаме жицата, и тоа едниот крај како спирала, а другиот како лист.
Тоа ќе го направите со помош на клештите.
Нашата тиквичка во пижами е готова. Сега ни преостанува да смислиме каде ќе ја сместиме?!
Нормално, децата ќе ја сакаат во својата соба.
Но,најдобро е да ја ставите околу други тикви за да се истакнува со својот дизајн или, пак, да ја ставите меѓу разнобојни свеќи. Интересен декор, нели?!
Matejad
Matejad
14. окт 2010
Тикви повторно… но, кравите се на друго место! |
Тикви |
Градина во саксии-1 |