Идеи за пикник со печени костени

Потребни состојки за еден ваков пикник се: костени, јаболка и варено вино за возрасните.

Набравме костени, подготвивме варено вино за возрасните, собравме суви дрва за огнот што ќе го запалиме за да ги испечеме костените и...готови  сме за еден есенски пикник.

Есента е вистинско време за да го соберете семејството или да се дружите  со пријателите. Поминете еден ден во неделата надвор во природа и направете го овој излет посебен, ќе се чувствувате прекрасно и исполнето.

Децата ќе се радуваат и ќе трчаат, а возрасните ќе се забавуваат.

Запалете го огнот со дрвата што ќе ги соберете од блиската шума, но пред да ги наредете дрвата соберете и неколку камења, за да направите добра подлога .Откога огнот добро ќе се разгори, ставете една плотна (што ќе ја носите од дома) за да ги испечете костените.

Ставете ги костените на плотната и завртете ги неколкупати за добро да се испечат.

За брзо време тие ќе бидат готови. Направете фишеци од салфети, како што можете да видите од сликите, и наполнете ги со костени.

Виното, исто така, ќе го сварите на огнот.

Ќе Ви кажам еден многу добар рецепт за варено вино, што ќе можете да го практикувате цела зима. Од 1 литар вино треба да излезе половина литар варено вино, па вие пресметајте колку ќе Ви треба. Значи, од потребната количина вино треба да ставите дупло, односно за да се добие околку една чаша варено вино, треба да ставам две чаши  свежо вино.Ставете го виното и додадете половина пакетче цимет, неколку каранфилчиња, три лажици шеќер и неколку парчиња јаболко.Овој рецепт е за еден литар вино. Варете го на тивок оган.

Послужете ги возрасните со виното и костените. Ова е одлична забава со малку труд и малку пари......уживајте!!!

 Подготвиле :Matejad i Kiki


 



 

Matejad
16. окт 2010

Линкови


Идеја за есенска декорација на масата со јаболkа

Фотографирање на костени

Идеја за есенска декорација: тиква во пижами

Букет цвеќиња меѓу вински спомени

Гроздобер, трпеза и вино....

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright