Печени ситни слатки за роденден

Коцки мраз, кокос,бисквити, ситни слатки и вкусни јадења на коишто никој не може да остане рамнодушен!

Роденденските ситни слатки или свечена торта можат да бидат со симболи на хороскопскиот знак на славеникот. Ова е многу интересна тема што можете да ја обликувате.Во секој случај убаво е тортата да ја направите во зависност од персоналитетот на оној кој го слави роденденот.
Следните рецепти коишто Ви ги нудиме во овој напис се меѓу добитниците на Лиза Cookie списанието. Бисквитите се главна состојка што се користи во следниве рецепти.

Бомбици

Потребни Ви се следниве состојки:
160 г.  бело меко брашно,
120 г.пченкарно брашно,
180 г. мелени ореви,
60 г. какао,
200 г.путер
100 г.шеќер во прав,
2 жолчки,
мелен цимет и малку сол,
4 лажици рум,
џем од рибизли,
чоколадо за готвење.
Белото и пченкарното брашно, оревите, какаото, путерот, жолчките од јајце  и зачините се мешаат заедно. Тестото се меси да остане меко. Се формираат мали топчиња и се прави вдлабнатина, како мал бунар. На подмачкана тава се ставаат да се печат на 170о С ,околу 10 минути.
Потоа се вадат слатките, се полнат со џемот и се враќаат во рерна да се допечат, повторно на температура од 150о  С , околу 5 минути.
Почекајте да се изладат, кога ќе ги извадете од рерна.
Стопете го чоколадото на пареа и прелијте ги одозгора со него. На крај украсете ги со по еден лешник или излупен бадем.Превкусни се....ммммм!!!

Бисквити од кокос

Ова е еден многу стар рецепт што можеби веќе сте го направиле, но ние ќе Ви покажеме како креативно  знаеме да го измениме.
Потребни состојки за овој рецепт се:
250 г.шеќер,
малку сол,
2  цели јајца,
ванила и рендана кора од лимон,
250 г.путер,
250 г.брашно,
250 г.кокосово брашно и мармалад, по желба.
Шеќерот, јајцата, солта и путерот ги мешаме толку долго, додека не се растопи шеќерот.Потоа се додаваат брашното и кокосот. Формирајте топки од тестото и направете вдлабнатини за да ги наполнете со мармалад и ставете ги во подмачкан плех да се печат на 200о  С  околу 10-15 минути.
Готови се за јадење, но почекајте малку да се изладат.

Коцки мраз (cheese коцки)

Ова е рецепт за оние кои го сакаат сирењето, но не солено, туку слатко сирење. Овие слатки се прават во слоеви.
Прв слој
-за овој слов Ви е потребно:
250 г. интегрални мелени бисквити,
200 г.путер,
100 г.сецкани бадеми.
Во мелените бисквити додадете ги стопениот путер и бадемите, а потоа добро измешајте ги. Се меси тестото и со прсти се распоредува во тавата, односно се подготвува за печење. Се печи за околу 10 минути на 170о  С. Кога основата ќе ја испечете, треба да го направите филот.
-состојки за филот:
500 г урда,
4 жолчки,
150 г.шеќер,
2 лажици свеж сок од портокал,
2 лажици свеж сок од лимон,
4 изматени белки.
Сите состојки се мешаат добро со миксер и филот се става одозгора на основата којашто претходно ни беше испечена. Се пече заедно на температура од 170о С, околу 30 минути. Потоа се вади тавата од рерна и се подготвува последниот слој.
- за овој слој потребни Ви се следниве состојки:
слатка павлака,
шеќер,
2 пакетчиња ванила.
Ставете го овој крем над она што претходно го припремавте и печете уште 10 минути на 150о С. Кремот не треба да пожолти, ами треба само да се зацврсти. Се остава добро да се излади и потоа се става во фрижидер да стои преку ноќ. Наутро пресечете ги коцките и сервирајте ги.

На ваква роденденска трпеза можете за декорирање да употребите една голема бела свеќа, којашто ќе ја украсите со еден зелен лист и ќе ја врзете со коноп.Се надевам дека Ви се допаднаа денешните рецепти! Наредниот напис ќе биде рецепти од костени , многу уникатно и невообичаено слатко јадење.

Стилизирање: MatejaD i Mirijam

 

Matejad
22. окт 2010

Линкови


Пршута на трпеза – идеја за мезе

Идеи за пикник со печени костени

Идеја за есенска декорација: тиква во пижами

Ветерница – бубамара

Букет цвеќиња меѓу вински спомени

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright