Градина во саксии

И во зима балконот или дворот можете да го разубавите, а да не ја чекате пролетта.

Она што е  карактеристично за овие садници  е што зелинилото и цвеќињата што ќе ги засадите во саксии ќе траат во текот на зимата.Значи, за да го направите  амбиентот поубав и да ја разубавите Вашата градина во зима, треба да посадите растенија во саксии ( што можат да бидат пластични, метални или керамички, за да ги издржат ниските температури).

Но, најнапред треба добро да истражите кои од растенијата што се во Вашето поднебје  можат да опстанат во поостри услови и на кои температури.

Значи, нема да засадите само цвеќиња во саксиите, туку можете да изберете различни  растенија-садници, па дури и некои зеленчуци, на коишто не им смета студеното време.

Можеби малку ќе Ви биде чудно, но ние засадивме украсна зелка, карфиол, кељ, бршлен, смрека...Сите тие се атрактивни и, доколку ги ставите на едно место, ќе изгледаат многу уникатно.

Садењето растенија во саксии во последниве години е многу популарно, особено кога се работи за украсување на определен простор во двор или  балкон. Овие растенија се многу  поедноставни за одржување  и можете да ги комбинирате онака како што сакате.

Па, пробајте да направите таков аранжман на Вашиот балкон.


 

viktorija
15. ное 2010
променето 21. јан 2011

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright