Снежна топка-од идеја до реализација

На сите Ви се познати снежните топки што стануваат актуелни пред Нова година и Божиќ и се уникатен подарок, толку нежни и убави.

Во оваа прилика ќе Ви покажеме како да направите една ваква снежна топка и да ја подарите на оној кој го сакате.
Потребен материјал:
-стаклена тегла,
-фимо маса,
-водоотпорно лепило,
-снегулки,
-светилки,
-дестилирана вода.

Теглата најпрвин ја отвораме и го вадиме капакот  за да можеме на него да ги залепиме фигурите, а потоа да ги  поклопиме со теглата и добро да ја затвориме.

Од фимо масата правиме  Бел Снешко,  како што гледате од фотографијата. Можете да направите и други форми, на пример, срна, елен или некоја друга фигура што Вам Ви е омилена.

Масата ја печеме во рерна, и тоа онолку колку што Ви пишува во упатството од нејзиното пакување. Но, доколку не можете да ја најдете оваа смеса, побарајте слична на неа во продавниците за бои и лакови.

Секоја фигура ја лепиме на капакот со водоотпорното лепило.Чекаме добро да се исуши лепилото, а потоа ја прскаме фигурата со дестилирана вода и ставаме светилки на неа за да се залепат.

На крај во теглата ги ставаме снегулките и добро ја затвораме. Така ја добивме снежната топка, што е прекрасен подарок за Новата година. Треба само малку време и многу љубов за да се направат блиските среќни!!!

MatejaD
 

Matejad
17. ное 2010

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright