| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Ова е навистина совршен подарок за Нова година, што е многу едноставен за правење, а толку зрачи со љубов и топлина што мислам дека веднаш
Потребни Ви се само неколку елементи и прехранбени производи, што сигурна сум дека ги имате во Вашиот дом, а тие се:
- стаклена вазна со поклопец,
- брашно,
- кафеав шеќер,
- рендано чоколадо,
- мелени ореви, бадеми, лешници.

Сите состојки имајте ги при рака и започнете со полнење на теглата.

Најдолу ставете го брашното, потоа ставете ги бадемите, лешниците и оревите, коишто Ви се измешани заедно.

Над нив ставете го ренданото чоколадо и на крај се ставете го кафеавиот шеќер. Теглата е подготвена ! Она што сега треба да направите се слатки со помош на оваа смеса.

Сите состојки од теглата измешајте ги и ставете им 250 г.маргарин и 2 јајца. Измесете го добро театото и ставете го во фрижидер да стои 30 минути.

Потоа, со соодветен калап извадете слатки, најдобро е во форма на ѕвезди, и печети ги 10 минути на 180о С. Слатките се готови!

Земете една црвена лента со бели точки и врзете ја теглата, а на неа ставите го и калапот за ѕвездите.

Прекрасен и многу сладок подарок за Вашите сакани!
MatejaD
Matejad
25. ное 2010
Снежна топка-од идеја до реализација |
Sodahl – принтан текстил за декорација |
Идеи за новогодишен подарок- избор на Нина Циглер |
Свеќа-во есенска декорација |
Иновација до најситни детали |