Новогодишни украси

Нашите новогодишни украси, овојпат слатки колачиња, погодни се за декорација на елаката или новогодишните подароци.

Исто така многу се интересни и  како накит.

Времето кога треба да се изберат, направат или купат новогодишните украси се приближува. Иако вистинските колачи (ситни слатки) се многу подобри за декорирање, сепак и вештачките мињони се погодни за оваа прилика, зашто изгледаат исто толку добро како и вистинските.

Нивната изработка е многу едноставна, така што  ќе Ви одземе малку време и ќе ја разбуди Вашата фантазија!
Потребен материјал за овие предмети е:
-Fimo маса (или друга смеса што можете да ја печете)  во бела и кафеава боја,
-калапи со различни форми,
-подлога на којашто ќе ја измазните смесата,
-некој предмет со којшто ќе ја мазните смесата.

Кафеавата смеса измазнете ја добро за да добие дебелина од 3мм.

Со калапите направете форми што најмногу ги сакате, а со белата смеса  правете го украсувањето на слатките, и тоа во форма на точки, снегулки или сè што мислите дека ќе биде интересно.

Можете да изберете и друга боја за декорација од којашто би можеле да формирате ситни топчиња или коцки.

На секој украс направете мал отвор за подоцна да можете да ставите лента и да го обесете. Готовите украси ставете ги во рерна да се печат (онака како што Ви пишува на упатството).

Кога ќе ги извадете, почекајте да се изладат, а потоа тие се подготвени за декорирање. Ваквите уникатни украси можете да ги ставите на Вашата елка , прозорците, вратите, лустерите... но, можете да ги претворите и во оригинален накит.

Исто така можете да ги ставите  во некој интересен сад или да ги искористите  за декорација на некој новогодишен подарок. Бидете креативни и користете ја Вашата имагинација!



 

viktorija
25. ное 2010

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright