| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Ова е оргинален подарок за Божиќ или Нова година.
За време на празниците што престојат се добиваат многу подароци, но исто така и се подаруваат заемно.Она што е многу битно, во овој случај, е подарокот што го давате да биде со многу љубов и избран со многу внмание, но најдобро е ако тој подарок Вие сами го направите. Оваа идеја ќе Ви одземе малку време , но вреди да се потрудите за оној кој го сакате.
Во овој напис ќе Ви покажеме како да направите оргинален подарок и да го завиткате на многу оргинален начин.

Потребно за тоа Ви е :
-тврда хартија во сива боја,
-монистра во три бои,
-еластична врвца,
-хефталица,
-линијар,
-ножици,
-лепило.

Најпрвин направете ја белезицата. Наредете ги монистрата што ги имате на еластичната врвца и добро заврзете ги краевите. Многу е лесно и едноставно.Подарокот е готов!

Сега земете ја сивата хартија и преклопете ја на половина. Од внатрешноста ставете бела хартија и залепете ја.

Напишете што сакате и затворете ја. Ставете една панделка на врвот од картичката и зацврстете ја со помош на хефталицата, па врзете ја белезицата за неа.

Како што гледате, подарокот е сосема готов и слободно подарете го...... на кого сакате!

Направете и други вакви интересни подароци и Вашите најмили ќе Ви бидат благодарни!
viktorija
28. ное 2010
променето 21. јан 2011