Подарете вино, но добро спакувано!

Многу добар подарок за новогодишните празници е виното.

Без разлика дали ќе го купите или ќе подарите домашно вино, но она што е битно е добро да го завиткате(спакувате).
Во овој напис ќе Ви дадеме неколку идеи како да го завиткате виното на многу едноставен, но особено штосен начин.

Потребен материјал за пакување:
-крепонска лента во различни бои,
-ножици,
-хефталица,
-вино,
-хартија за завиткување,
-додатоци (на пример, шишарки, монистра или други украси што ги имате дома,
-рафија.

Во овој напис, всушност, Ви претставуваме три идеи како да ги завиткате подароците со виното.

Во овој напис, всушност, Ви претставуваме три идеи како да ги завиткате подароците со виното.
Прва идеја е да го завиткате виното со кремаста еколошка хартија. Виното ставете го на од хартијата и со помош на хефталицата соберете ја кон врвот на шишето.

Останатите делови од хартијата со помош на хефталицата свиткајте ги навнатре. Ова шише декорирајте го со малку рафија и чоколадни бонбони или ситни слатки што се направени од фимо смесата.

Втората идеја е да ја употребете крепонската хартијата во сина боја, којашто ќе ја завиткате кон врвот на шишето.

Врзете го шишето на врвот со рафија и декорирајте со една шишарка. Изгледа прекрасно!

И, третата идеја е да спакувате две шишања истовремено.

Со светла хартија завиткајте ги двете шишиња заедно, како што гледате од фотографиите, и врзете ги  и двете со рафија.

Многу уникатно решение кога сакате да спакувате две шишиња. Само внимавајте да не ги скршите.

Виното е секогаш добар подарок.Никогаш нема да погрешите ако го изберете.Добредојдено е во секој дом и добро пречекано со соодветна трпеза нормално.

Teodor Stankovski
28. ное 2010
променето 21. јан 2011

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright