| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Новогодишните честитки се најатрактивни кога сами ќе ги направите.
Новогодишните честитки се најатрактивни кога сами ќе ги направите. Во оваа прилика ќе Ви покажиме како тоа да го направите на многу едноставен начин, а многу уникатен.

Потребен материјал Ви е:
-хамер во боја, што Вие ја преферирате,
-бела хартија,
-линијар,
-скалпел,
-подлога за сечење,
-еколошка хартија (траспаретна) во боја.

Најпрвин од хамерот пресечете ја честитката во големина што ја посакувате. На хамерот залепете ја транспарентната хартија во боја, којашто треба да биде помала од хамерот.

Потоа, со линијарот, измерете 3 мм напречно и со скалпел пресечете неколку танки ленти од белата хартија.

Танките ленти свиткајтет ги како цветови. Погледнете ги фотографиите за Ваша ориентација.

Залепете ги една по една на хамерот во форма на елка. Изгледа прекрасно и оргинално,нели!?
Teodor Stankovski
28. ное 2010
променето 17. дек 2010