| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Трпеза за свадба за оние кои сакаат да бидат оригинални и неконвенционални.

Свадбата е голем настан за многу луѓе. Таа се слави заради соединувањето на две личности и, притоа, има многу љубов и радост. Но, сите не сакаат обична свадба во ресторан, каде што сẻ е вообичаено, како и секоја вечер.

Некои луѓе не се заинтересирани за ресторан со банален и досаден прибор за јадење, секојдневни салвети и сиромашно цвеќе на масата.

Свадбата е настан на којшто се собираат сите пријатели на младоженците, сите оние кои нешто значат во нивниот или во животот на нивните родители. Токму затоа, младоженците сакаат таа вечер да биде совршена. Тие сакаат сите да бидат задоволни и тоа да не биде само уште една вечер на досадна забава. Во ваква прилика особено е важно да се обрне внимание на декорацијата на масите и просторот околу нив.

Портокаловата боја е совршена за декорација на масата, зашто изгледа многу нежно и топло. Ќе започнеме со сервисот за ручање. Може да изберете бели садови, дизајнирани со портокалови кругови. Ружите на масата, исто така, можат да бидат во портокалова боја.Прекривката за масата може да биде ленена, што ќе предизвика многу добар ефект со останатата портокалова комбинација.

На масата можете да расфрлите бели бонбони околу садовите, што можат да бидат бадеми прелиени со бел фондан или бело чоколадо.

За декорација на тортата можете да употребите портокалови ружи и принтана хартија на којашто е напишана љубовна поезија. Принтаната поезија можете да ја искористите и за украсување на дрвјата, и тоа во форма на срциња, ако веселбата се одвива на отворен простор.

Салветите можат да бидат бели или портокалови и врзани со танок коноп, а на средината да ставите по еден принтан цвет, што само ќе го прицвртите со едно копче на ленот. Се е многу креативно и оргинално!

Тортата зазема централно место на масата и затоа од голема важност е таа да изгледа перфектно. Дизајнот со тенки ленти од принтаната љубовна поезија, во комбинацја со портокаловите ружи, ќе ја направи особено нежна, топла, љубовно обоена и прекрасна за гледање.

Цвеќето ќе го аранжирате така што ќе искомбинирате портакалови ружи заедно со букови и борови гранчиња со што ќе добие еден многу природен букет.


Свадбите што се организираат на отворено не се едноставни да се дизајнираат и да се подготват, но моментот е неповторлив, па спојот со природата ќе даде посебно значење на тој важен настан за младите.

Кога сẻ ќе биде подготвено, може да се запалат свеќите, заштитени со стакло од ветерот и церемонијата може да започне. Свадбата нека биде настан што сите ќе го запаметат како ден во животот на младите,односно старт во нивниот брачен времеплов. Со среќа!!!

Teodor Stankovski
26. јул 2010
променето 21. јан 2011