Две братчиња прават палачинки

Да, прават жолти палачинки!

Децата се сами дома .......мајката е во градината  ги средува цвеќињата....зафатена.
Мамо, јас сум многу гладен!
Да?
Да, навистина сум гладен!
Почекајте, ќе направам палачинки!

А зошто ние двајца да не ги направиме, кога сме гледале како тоа го прави нашата мајка, безброј пати.Потребни ни се : јајца, брашно, млеко, малку сол. Така се охрабрија сами да ги направат палачинките, додека нивната мајка работи во градината. Ги помешаја сите состојки и маткаа со миксерот сè додека не се изедначи тестото онака како што треба да биде.

палачинки

Се разбира целата работа ја правеше постариот брат, а помалиот само гледаше и се врткаше околу него, но се надеваше дека и тој ќе може да си прави палачики кога ќе порасне. Почнаа да ги прават една по една, така убави и жолти . Малото братче ја постави масата со жолт чаршав и сервис за ручање со жолти кругови.

Мајката, работејќи во градината, не помислуваше дека нејзините деца веќе пораснале и можат сами нешто да направат. И, си помислуваше дека не се толку гладни, зашто веќе не викаат по неа(?),а............не знае  дека ја чека изненадување!

Децата ги направија палачинките, ја поставија масата , кремот за мачкање е тука и почнаа да ги филуваат. Кога сè беше готово ја викнаа нивната мајка на палачинки.Таа беше изненадена и не веруваше дека тие можат тоа да го  направат.

Сите уживаа во изненадувањето и палачинките.( Сепак, палачинките се направени под надзор на нивниот татко.........хахахха!!!) Добро е децата да се научат сами да си приготвуваат  храна, но само кога ќе бидат големи, инаку кујната ќе треба потоа генерално да ја чистите.







 

Дом и Стил
27. авг 2010
променето 21. јан 2011

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright