| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Кога домот и станот ќе го уредите комплетно, она што на крај Ви преостанува е да ставите вазна со цвеќе, и тоа во повеќе простории во домот
Eдна последна декорација којашто дава ведрина, топлина и специфична романтична нишка на просторот.
Она што е многу битно е тоа дека нема потреба да купувате нови вазни, туку искористете ги тие што ги имате.
Ако се сеќавате и претходно имавме сличен напис во врска со вазните и нивната декорација.

Влезот на вратата, и тоа во надворешниот простор, најдобро е да се украси со некоја обична метална вазна, преполна со цвеќе. Градината и местото каде што го пиете утринското кафе, исто така, можете да го збогатите со некоја метална или керамичка постара вазна со цвеќе.

Старите вазни даваат еден посебен антички декор и од таа причина се многу погодни да ги употребите онаму каде што имате стара дрвена врата или стар прозорец.

За во домот,внатре,пак, изберете некоја понова вазна или ако имате керамичка стара вазна, тогаш купете акрилни бои и бидете уметник за момент.

Насликајте ја вазната според Вашиот вкус и во боја што вие ја преферирате. Ќе добиете комплетно нова вазна, којашто можете да ја ставите во Вашиот дневен престој.Скалите, исто така, се место каде што можете да ставите вазна со цвеќиња, ќе изгледа богато и луксузно.

Она што е битно да го знаете е дека сите го гледаат цвеќето, а не вазната, зашто вазната постои за цвеќето, а не обратно.

Затоа и обично шише со букет цвеќе ќе изгледа прекрасно.....нели?!

Matejad
30. авг 2010