| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Пресадувањето на цвеќињата најчесто се врши напролет, но ако тоа е неопходно, односно ако цвеќето е големо, а саксијата мала, тогаш треб

Ова е многу лесна задача, но треба да се следат неколку правила, и тоа: саксијата да биде чиста и земјата којашто ќе биде употребена да има состав соодветан на типот на растението.

Значи,саксијата , пред сè, треба да биде добро исчистена. Избегнувајте ги металните саксии коишто знаат веднаш да рѓосуваат! Најпогодни се пластични или глинени саксии, зашто подолго време остануваат непроменети.

Кога ќе ја изберете саксијата, треба да извршоте и правилен избор на земја. Притоа многу внимавајте, т.е. најнапред дознајте дали растението сака повеќе алкална или кисела почва.

Земјата може да ја купите, но ако во градината имате плодна почва, тогаш слободно користете ја, така што ќе додадете само некој супстрат што ќе ја прихрани земјата.Пред да ја ставите земјата во саксијата направете дренажа во садот.

Значи, ставете на дното или дрвени топчиња (како што гледате на сликата), или некои пластични топчиња за корењата на растението да се движат по саксијата, но не и да излегуваат од неа. Во тој случај, доколку сакате повторно да го пресадувате растението, тогаш постапката ќе биде многу поеднставна.

Оттука дренажата е многу битна да ја направите, за подоцна да немате проблеми со растенијата. Растението треба да има доволно простор за да може да расте и да се развива слободно.

Растенијата треба постојано да ги надгледувате, така што не мислете дека наводнувањето е најбитно, ами потрудете се да сфатите дека тие бараат многу повеќе внимание, отколку што очекувате.

Затоа, и земјата во којашто се засадени треба да биде ровка, односно постојано наѓубрена за цвеќето да ја има својата убавина.

viktorija
27. сеп 2010