| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Имате слика којашто одамна Ви стои, а имате желба да ја врамите.
Ако тоа е така, тогаш ова е вистински напис за Вас!
Потребен материјал за да ја врамите сликата е:
-дрвена рамка,
-акрилна боја,
-сликарска четка или валјак,
-вода,
-подлога за сликата,
-и, на крај, еден заштитен лак за сликата.


Најпрвин рамката за сликата добро исчистете ја за бојата да се впие и совршено да стои на сликата. Пожелно е рамката првин да ја обоите со чиста бела боја, а потоа со бојата што ќе Ви одговара на сликата којашто ќе ја врамувате.


Значи, рамката ја премачкуваме со бела боја за наредната боја што ќе ја ставиме над неа да ја има нијансата којашто сакаме да ја добиеме. Почекајте белата боја да се исуши и врз неа нанесете ја бојата што ја посакувате . Во нашиов случај тоа е розовата боја.Добро премачкајте ја рамката и почекајте да се исуши, пред да ги преземете наредните чекори.

Откако процесот е завршен, земете една фолија и оптегнете ја од задната страна на рамката, за на тој начин да добиете ефект на стакло.

Потоа на средината ставете ја сликата, а над сликата ставете бел хамер преку целата површина и, на крај, ставете потпора од танка шперплоча или некој сличен материјал.

Видовте дека со малку труд можете сликите коишто Ви стојат дома неврамени да ги ставите на Вашите ѕидови во нов дизајн.

Како што гледате, сликата изгледа прекрасно, а не ни одзеде многу време.

Creatissimo JR
4. окт 2010
променето 21. јан 2011