| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Сувенири, разгледници, ситници и се она што сакаме да не потсетува на убаво поминатото време...
Ако сте некој како што сум јас тогаш, од секое патување имате по некој сувенир или ситница која стои на полиците или е закачена на вашиот ѕид.Од сите места каде одиме носиме по нешто, не само за другите туку и за нашиот дом.Толку многу го затрупуваме со ситници иствари , што со тек на време местото каде живееме станува веќе пренатрупано со се и сешто.Ситните работи се лесни за носење и ефтини ,но што со нив потоа???
Затоа ќе ви дадам еден многу добар совет. Кога одите на патување или одмор на некое далечно и специфично место тогаш купувајте работи што се поголеми и повпечатливи и нормално секогаш да се вклопуваат со дизајнот на вашиот дом.
Можете да купите некои перници доколку одите во Африка со автентичен дизајн или ако ја посетувате Турција земете некое килимче или некоја рачно изработена ламба. Од Грција купете си табла со која ќе играте цел живот.
Земете некоја мала масичка за во салон рачно изработена.Значи секогаш одберете нешто поголемо. Нешто што ќе го употребувате постојано, што ќе биде практично, а не неупотребливо.
На тој начин постојано ќе се сеќавате на едно убаво поминато патување.
Спомените ќе ви го разубавуваат секој момент....а тоа е незаменливо чуваство нели???
Дом и Стил
29. јул 2010