Иновација до најситни детали

Внимателно и средено гратче што создава интимност и домашна атмосфера

Во овој случај не се потребни премногу зборови ,зашто, како што велат, една слика вреди илјада зборови. Ви претставувам едно туристичко место на крајбрежјето на Калифорнија, Кармел, што ќе Ве освои со својата уникатност и среденост до перфекција. Тоа е место за коешто ќе помислите дека не се наоѓа во САД, туку наликува на место од некоја бајка. Секоја куќа е уникатна, со посебни детали, што се толку различни меѓу себе, а сите заедно  прават една целина што воодушевува.

Кармел гратче во Калифорнија

Сẻ е уникатно: хотелите ,продавниците , галериите, мотелите, па дури и влезот кај заболекарот( ќе помислите дека е некоја шега , но не е!). Сите објекти заедно дејствуваат како една целина.Секаде се чувствувате како да сте дома, зашто секоја градина е приказна за себе, секој агол  добро е осмислен , секој детаљ има свое место.Ова е еден сосема друг свет, надвор од оној кич, што на сите им е познат.Вдишувате една интимност и непретенциозност. Измешаните француски и шпански стилови, вклопени во една синергија, просто стаписуваат со својата убавина. Нема повеќе да пишувам, уверете се и самите! И, се надевам дека ќе имате можност да го посетите ова прекрасно место од коешто нема да сакате да си заминете.
Уживајте!!!

доминација на деталите

столици од ковано железо

врата

ситниците се во преден план

дрвца и цвеќиња

клупа

дрвена маса

ресторан

дрвена порта

градина

икебана

часовник

вдлабнатина во ѕид

Pia K.
Foto: UZ



 

Teodor Stankovski
30. јул 2010

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright