| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Најголемиот специјалист за расадници е со нас за да ни ги даде потребните совети!
На нивниот блог можете да видете дел од она што тие го работат.
Во Випава, во долината на Витовје, постои најголемиот расадник во Словенија што нуди над 1000 сорти и видови едногодишни култури за расадување.

Одгледувањето на растенијата воопшто не е едноставна работа. Потребни се низа години за да се развие посебна стратегија за одделна култура и да се достигне максимумот што може да се добие. Во оваа градина можете да го купите каталогот што семејството долги години го подготвувало,така што ќе имате увид во особините на 1000 култури и начинот на нивното одгледување.
Г-ѓа Јожица Голоб – Кланчич е архитект по професија. Таа креира пејзажи со помош на дрва, грмушки, трева или други матријали, на пример, камен, песок, бетон. Своето образование таа го стакнала во Белград, на новоотворената Катедра по пејзаж- архитектура, во периодот кога пејзаж- архитектурата била многу развиена и во Словенија, Србија и на целиот Балкан.
По завршувањето на факултетот, Јожица работи како уредувач на јавните зелени површини и приватните градини и, покрај сите кризни периоди во ,80. години на 20. век, таа успева, надвор од својата професија, да започне со одгледување различни видови култури и нивно производство(на пример, ириси, хризантеми итн.).Во тој период, пак, во 40 југословенски градови веќе се формирале плантажи за различни култури, но не и во Словенија, зашто немало искуство како да се користат плантажите . Овие лантажи имаат големи капацитети и можат да задоволат многу клиенти.

Од јавни плантажи до мали клиенти
По распадот на поранешна Југославија, состојбите сосема се менуваат: Словенија станува независна држава, што има многу малку инвестиции во оваа област.Овие причини ја натерале Јожица, заедно со својот сопруг, да станат независни земјоделци.Тие, најпрво биле ориентирани кон помал број култури и кон малите клиенти. Сопругот на Јожица, кој по професија е инженер, развива посебен систем за наводнување, што работи и во зима на ниски температури.Тука се зачетоците на стаклената градина и одгледувањето растенија во саксии.Така започнува да се развива слободната трговија, а прва земја со којашто тие тргуваат е Холандија.
Јожица се сеќава на една хортикултурна изложба во почетокот од ,90 . години на минатиот век, што се одржала во поток. Наспроти нивните експонати биле изложени садници од бршлан, поставени во картонски кутии, што по отворањето се гледало дека тие веќе се суви и неупотребливи, а тоа значело дека луѓето ги немале основните познавања за одгледување садници.

Богатството на трајните култури
Производството на трајни култури не само што не е лесна работа , туку во исто- време е многу ризична
Почетоците на Јожица биле особено тешки, бидејќи цвеќињата растат во лепешки и на отворено.Сега таа има свој тим и работата не е воопшто како што била на почетокот.
Луѓето што ја посетуваат градината треба да знаат точно за што се заинтересирани, т.е. кое цвеќ сакаат да го одгледуваат, за да можат да ги добијат вистинските совети. Значи, купувачот теба да знае сẻ за цвеќето или, поточно, да не да го купува само со очи, туку со знаење.

„Ние сме само еден од многуте расадници во Словенија“, вели Јожица, а кај нас луѓето се ангажирани во околу 300 расадници. Јожица не ги одгледува само растенијата, туку и истражува во смисла на добивање нови видови, со подобрени квалитети.Особено внимание за ова се обрнува во стручните училишта во Западна Европа. Јожица не се плаши од конкуренцијата, ами, напротив, вели дека побарувачка секогаш ќе има , а конкуренцијата само придонесува за подобар квалитет.Трите хектари земја на којашто се распространети расадниците за нив веќе се тесни.
Одржливи стандарди за убавина на растенијата
Јожица напоменува дека тие не продаваат само убави растенија , туку продаваат растенија што ќе станат многу поубави за извесен период, иако тоа е многу потешко, отколку кога се продава друг готов производ.
.jpg)
Јожица е убедена дека многу малку се рекламирааат професионалните уредувачи на градини, иако сите зелени простори што се уредуваат, всушност, зависат токму од нив. Она што пејзажните архитекти го знаат не може да се совлада само со посета на некој курс за уредување зелени површини.Едноставно, тоа не е дволно!

Но, таа се радува што во последниве години хортикултурата зазема замав во образованието и се изучува на многу универзиитети во Европа, како што се оние во Франција,Велика Британија, Чешка, Германија итн.Изложбите на експонати од новите сорти или технички пронајдоци околу наводнувањето се сẻ почести во овие западни земји, а тоа ја става оваа област на едно повисоко ниво.

Јожица, заедно со својот тим, е посветена и на оние видови што се ретки или загрозени и тие постојано се обидуваат да им создадат соодветни можности за да можат да успеваат во оранжериски услови.Љубовта кон растенијата таа ја носи од раното детство. Израснала во семејство со многу љубов кон растенијата, а главно кон цвеќињата , па само го продолжува она што се вградило во нејзината душа. Доколку сте љубител на природа и цвеќиња, тогаш треба да ја посетите Градината на ова семејство и да уживате во убавината што тие ја негуваат со многу љубов, а во истовреме и да добите совети за некој Ваш мал бизнис.
viktorija
8. јул 2010