| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
На најдобрите куќи им беа доделени награди
Индивидуална куќа е сон и опсесија на секој Словенец!Но, поради лошото управување на урбанизмот и лошите индивидуални архитектонски решенија и конструкции, многу ретко е во последно време да се види убава семејна куќа со стил и топлина, што секој ја посакува.Високите згради се подобра опција за да се реши станбен проблем , но сепак желбата за поседување куќа постои кај секого.Иститутот Big во Љубљана има решение за тоа, а списанието „Куќи“ секоја година доделува награди за најдобро изведена куќа.

Овој институт секоја година во пролет, во Љубљана, е домаќин на конференција што има за цел интегрирање на квалитетните архитекти и изведувачи коишто имаат можност да ја презентираат својата работа, мислења, визија и идеи за развој.Оваа година имаше неколку настани, како на пример, „180 степени“ и Конференцијата за трансформација. На овие конференции беа претставени многу значајни теми од областа на архитектурата, и тоа: колкава треба да биде куќата , од каков материјал треба да биде направена, односот меѓу дизајнот и квалитетот, иновациите и многу други теми.Учесниците особено внимание обрнаа на животната средина и употребата на соодветни материјали за градење семејна куќа.

Иван Ferjančič, главниот уредник на списанието „Домаќинство“ доделува награда за иновативност и квалитет во изградба на индивидуална куќа.
За оваа награда се пријавиле многу учесници како од Словенија , така и од Европа, особено од Југоисточна Европа.
Изборот на уникатен проект, всушност, значи колку добро е решено егзистенцијалното прашање на луѓето со различни потреби во различни средини на живеење.

Редакцискиот одбор на списанието „Домаќинство“ изборот го извршил од 52 доставени проекта од целиот свет.Многу од нив последниве две години се презентирани во нивното списание, а тие објавуваат и листа од 10 финалисти. Категориите според коишто се бираат финалистите се : квалитетот, архитектонските решенија, иновациите,интеграцијата со локалната средина, функционалноста, еколошките решенија и тн.

Победникот во секоја категорија се избира од страна на меѓународно жири, составено од познати имиња, кои учествувале на конференцијата, и тоа Nuno Mateus, Ivan Ferjančič, Nina Novak Štrovs.

Во категоријата на иновативноста во конкуренција биле: куќа на планината Фуџи, куќа во Јапонија, Townhouse студиото на Eldinga Oscarsona во Шведска, Хрватска, Холандија , дрвена куќа во Словенија и Ирска.
.jpg)
Победник во оваа категорија е Townhouse студиото на Eldinga Oscarsona од Шведска.Проектот е многу иновативен според начинот за адаптирање на површина со многу ограничени можности.Тој нуди дизајн и естетика, а во истовреме е и многу функционален.Користењето на белата боја дава чувство на смиреност.

Победнички проект во категоријата на одржливост е финскиот проект на архитектот Tuomasa Toivonena од студиото NOW за архитектура и урбанизам.
Наградата тој ја добива поради софистицираната поставеност на куќата во средина каде што се користат природните ресурси, односно употребата на соларната енергија за затоплување, градењето со градежни материјали што се рециклираат, специфични материјали за изолација и тн.Она што првенствено сите го сакаме е незагадената природна средина. Токму затоа, при изборот на материјали за градење треба да се определиме за оние што се рециклираат.

Искористете ја сончевата енергија кога градите нов дом, ќе ја заштитите средината од загадување , но и ќе заштедите!
Градете со стил, софистицирано и искористете ги сите природни ресурси, со тоа ќе ја заштитите животната средина, а со тоа и самите себе и Вашите деца и идните генерации! Мислете за иднината!!!
Слика: Ziga Rebolj Institut Ljubljana
viktorija
30. јул 2010