Гарсониера -од план до реализација

Мал стан, со генијално решение, може да стане голем и топол дом

Овој напис ќе им послужи на оние кои имаат многу мал стан, гарсониера, којашто треба да ја уредат за да биде комплетно функционална. Оваа гарсониера којашто ја гледате на фотографиите е со површина од 33 м2.

Кога имате простор што е многу мал, како што е овој, при уредувањето треба да бидете многу внимателни и затоа сметам дека тоа треба да го препуштите на професионалци, зашто тие ќе можат најдобро да ја искористат таа површина.
Значи, во овие 33 м2 треба да се вклопат сите потребни елементи што ги користат оние кои живеат во тој простор. Треба да се вклопи кујната, спалната, дневниот престој, трпезаријата, салонот, и тоа сẻ во постојната квадратура. Затоа Ви напоменувам дека ова е чувствителен простор и треба совршено да ги вклопите сите елементи.

Спална соба
Во ваков простор нема место за спална соба што ќе биде одделена од останатиот дел, па совршено решение е  лежајот да биде на лизгање и да се собира по употреба, и тоа во дневниот простор, веднаш под гарнитурата за седење каде што го поминувате поголемиот дел од денот.
Како што гледате троседот во днневната соба е над лежајот, којшто  посебно е изработен за оваа намена. Тој е многу добро  дизајниран со светло зелена боја и перници со различен дизајн.

Наспроти троседот се наоѓа комода со мали димензии на којашто е ставен телевизорот и постои можност да направите  мала библиотека.
Веднаш до комодата се наоѓа просторот за ручање: трпезариската маса што е во форма на коцка и има многу интересни столици во различни бои.


Некои од овие маси имаат можност да се отвораат и да се добие уште еден продолжен дел , па кога имате гости многу лесно ќе ги сместите.

Работен простор
Бирото од работниот простор, како што можете да видите од фотографиите, се наоѓа до троседот . Бирото изберете го со помали димензии за да не одзема простор, а над него  ставете полици на ѕидовите на коишто ќе ги чувате сите потребни работни матријали.

Кујна
Со кујната треба најмногу да внимавате, бидејќи во неа се сместени сите апарати коишто ви се неопходни за секојдневно функционирање, па затоа изберете елементи и апарати што се со помали димензии. Точно пресметајте какви и колку елементи Ви се потребни.

Забава во овој мал стан
Иако просторот е многу мал, сепак, можете да го прилагодите за забава или вечера со Вашите пријатели. За да организирате забава треба по должината на станот да поставите или споите две маси и да сервирате, така што ќе можете слободно да го прославите и својот роденден.

Плакар
Плакарот е во претсобјето и е многу значаен дел, зашто сите предмети што Ви требаат во текот на денот можете да ги ставите во него, а сите знаеме колку многу предмети ни се потребни или сезонски ги користиме.


 Како што гледате на фотографиите, плакарот во оваа гарсониера е ногу добро вклопен и дизајниран. Тука има простор за гардероба, полици со чевли,куфери,ташни... сẻ на едно место.


 

 

 

 




 

Дом и Стил
12. окт 2010

Линкови


Како да ги средите Вашите работи ?

Проект – соба за ученици

Отворена куќа

Најубавите куќи

Иновација до најситни детали

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright