| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Г-ѓа Jožica Gojiteljica (одгледувач) со својот расадник во Golob - Vitovlje Klančič во Vipavata долина, може да се пофали со широкото познавање на ботаниката, к
За Golob - Vitovlje Klančič зборувавме во претходните написи. Таа советува со ентузијазам и со искуство, што го има зад себе.Нејзиниот расадник има над 1000 видови или сорти семенски материјал за садење различни култури, но и материјал наменет за уредување јавни градини.

Преглед на едногодишните садници во градината на Golob - Klančič
Едногодишните растенија зимата ја поминуваат во строго контролирани услови, а потоа на отворено живеат најмалку три години. Некои од нив цветаат дури втората година , тоа нека не Ве изненадува.
Едногодишните растенија растат на исто место неколку години и успеваат во различни почви. Многу е важно за нив да бидат изложени постојано на светлина и потребно количество влага.. За некои од нив се потребни и повеќе години за да се развијат во полн капацитет.
Овие растенија се за оние кои немаат многу време да посветат на нив. Значи, чистењето околу нив од тревата може да биде минимално. Тие се многу нежни и најчесто се напаѓани од многу болести, гасеници, скакулци, полжави.Сепак, можете превентивно да ги заштитите со органски средства за заштита, што ги има во земјоделските аптеки.

хојлера
Ако купувате едногодишни растенија што виреат во различна средина од нашата и различна клима, тогаш немојте да се изненадите ако доживеат шок и не успеат да се развијат. Ним им е потребен подолг период за адаптација на средината .
Брадест ирис и орлица
Садењето едногодишни растенија треба да го направите во периодот од месец март до октомври, во кое било време. Најчесто, кога ги купувате растенијата заедно со нив Ви даваат и информации за тоа кој ги произведува, каква почва бараат, колку светлина и вода им е потребна и сл. Внимавајте на овие информации, бидејќи морате да се придржувате до нив, зашто во спротивно тие нема да успеат.
Различни сорти „домаќини“ или плевели
Значи, мој совет е постојано да ги плевите растенијата, односно да ја корнете тревата околу нив, зашто им ги одзема хранливите материи на цвеќињата. Сувите листови и цветови редовно да ги отстранувате. Кога садите одделно растение, тогаш нека бидат заедно по три расада, и тоа не само заради естетика на Вашата градина , туку и да си бидат потпотра едно на друго.

Брадести ириси
При наводнувањето на растенијата посветете посебно внимание . Најдобро е тоа да се врши со прскалка, што нежно ќе ја распрскува водата или, пак, околу нив ископајте мали каналчиња во коишто ќе го ставате цревото. Вадењето не смее, во никој случај, да биде директно врз растението. На тој начин се уништуваат цветовите и листовите на цвеќето.
Расадник на семејството Golob - Klančič , Vitovlje 18, 5261 Šempas
Расадникот е отворен од 1 март до 15 ноември, секој работен ден , вклучувајќи и сабота, од 9 до 17 часот. Во недела и за време на празници,расадникот е затворен. Во зима, кога градината е затворена, можете да добиете информации преку следниов тел. број
05 307 88 10 или на e-mail trajnice@trajnice.com
Исто така, можете да купувате и оn-line.Во оваа градина постојано се одржуваат предавања, семинари и работилници(work shop-ovi).
Teodor Stankovski
28. јул 2010
Совети од Golob Jožica Klančič |
Романтични свеќи во чаши |
http://www.Јагоди на масата |
Глинени плочки |
Совет од Jožica Klančič |