| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Кога станува збор за уредување детска соба, особено за тинејџери, зашто тие повеќе време користат за учење(или треба да користат), тогаш
Првенствено треба да се внимава на мултифункционалноста на собата. Но, доколку детето е на почеток од своето школување, тогаш размислувајте собата да ја опремите за да не преуредувате кога ќе стане тинејџер.Обрнете внимание на потребите и желбите на детето.
Од идеја до план
Направете добар план за собата пред да започнете со реализација и купување мебел. Искористете го просторот што го имате максимално, без оглед на тоа дали е мал или голем. Обрнете внимание на светлината што треба да влегува во собата во голема мера.
Видови опрема
Мебелот што ќе го изберете треба да се вклопува во просторот незабележително и да не да ги спречува дневните активности на детето, туку да биде што повеќе функционален и искористен.Ограничете го мебелот на основните потреби, особено кога имате помал простор, па сместете кревет, плакар, полици, биро.

Слика1: Правилна дистрибуција на елементите во просторијата

Слика2: Виртуелен прозорец што ја осветлува просторијата за учење

Слика3: Виртуелен поглед кон потемниот дел од просторијата (креветот)
Од виртуеленост до реалност
-Дизајнирање мебел и селекција на материјалите-
Најважна карактеристика при изборот на мебел за детската соба е децата да бидат безбедни. Значи, мебелот треба да биде функционален, корисен, со едноставни линии, пастелни, т.е. меки бои и минимално остри агли.

Плакарот
Плакарот може да го украсите со меченца или некои цртани идоли на детето што ги сака, а тие истите подоцна може да ги отстраните кога детето ќе порасне.

Катче за учење
Бирото е составено од два дела од коишто едниот е фиксен, а другиот е мобилен и може (доколку не е потребен) да се отстрани.

Полиците, исто така, се многу битни, зашто на нив детето ќе ги чува своите играчки, а подоцна своите спортски реквизити, албуми и книги.

Креветот треба да биде практичен и барем да има простор за еден гостин, а тоа најдобро ќе го направите ако купите кревет што има фиока под него, во којашто ќе ги ставате , на пример, постелнините, перниците, јорганот или, по потреба, душек кога имате некој гостин.

При креирањето на детската соба вклучете го детето за да ги искаже своите барања и желби, а Вие да им дадете практичен допир на неговите потреби.

viktorija
30. авг 2010