| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Тиквите се совршени за декорација.
Интересни се, разнобојни, имаат тврда површина, па можете да ги изгравирате како што ќе посакате.

Едноставно, со нив можете да направите многу прекрасни украси и да ги декорирате многу инвентивно.

Она што најпрво треба да направите е да ја пресечете дршката на тиквата и да ја издлабите во внатрешноста, при што ќе ги отстраните семките, но немојте да ги фрлате.Тие се многу вкусни и здрави за јадење, па испечете ги и послужете ги како мезете со добро голтка вино.........

Откако добро ќе ја исчистите тиквата, можете да започнете со гравирање на фигури по страните на тиквата, правејќи комбинации со вдлабнатини.

На пример, можете да направите куќарки, дрвја, печурки.., како што можете да видете од фотографиите, и ќе добиете прекрасни фенери за на балкон, а децата најмногу ќе се израдуваат со нив.

Големините што ќе ги изберете можат да бидат различни ( многу мали, големи средни), но секогаш внимавајте да бидат тиквите здрави и Вашите декорации ќе изгледаат уникатно и прекрасно!


MatejaD
Matejad
28. окт 2010
Гајбата со нежни пеперутки |
Машки роденден |
Печени ситни слатки за роденден |
Пршута на трпеза – идеја за мезе |
Идеи за пикник со печени костени |