| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Овој прилог можете да го користите за книга, тетратка или нешто слично, доколку сакате да изгледа убаво или пак сакате да го заштитите.
Како што можете да видете од сликите, ние избравме тиркизна ткаенина со бели точки. Можете да изберете дизајн според Вашиот вкус или во зависност од уредувањето во Вашиот дом .Најпрво изберете која книга ќе ја обвиткате.

За да можете да направете книга, што со радост ќе ја гледате на полицата, потребни Ви се:
-ткаенина со дизајн што Вие го посакувате,
-фолија,
-машина за шиење,
-лепило,
-ножица,
-парче хартија,
-макара.

Исечете парче ткаенина што ќе биде во големина според димензиите на книгата што ќе ја обвиткувате.

Потоа на ткаенината ставете од лепилото за добиете поголема цврстина, а потоа составете ги рабовите на машината за шиење, но оставете место за кориците да влезат во обвивката.

На работ на книгата ставете фолија во форма на праваголник во којшто ќе ставите парче хартија и ќе го напишите името на книгата и писателот.

Можете да ја направите Вашата библиотека потполно различна , но секако за тоа ќе Ви биде потребно и време .

Не брзајте, една книга на ден ...библиотеката ќе ја обновите за една година, нели?

Matejad
30. јул 2010
променето 21. јан 2011
Магнетна табла со магнети |
Работна канцеларија |
Отворена куќа |
Мени за гостите, што сами ќе го направите |
Припрема на трпеза со морски детали |