| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Боите со себе носат посебни вибрации и кај нас предизвикуваат различни реакции и емоции.
Секоја боја може да носи позитивни или негативни вибрации, така со нивна комбинација може да се создадат различни расположенија. Може да бидеме инспирирани од сентименталноста, ведрината, мистеријата, агресијата, провокацијата, интимноста итн.
При нашата одлука за која боја да ја употребиме, треба да се запрашаме за нашето внатрешно расположение .
Дали сакаме тоа да промовира топли чувства, домашна удобност, стил или пак да иницира агресија.
Општо правило коешто треба да се примени е тоа да боите треба да бидат употребени во размер на следниов начин:
70% доминантна боја
20% подредени бои
10% бои за акцент

Во првиот случај избравме доминатна зелена боја со темноцрвена боја и акцент на розова боја.Ова е весела комбинација којашто на понежниот пол секогаш им се допаѓа.

Доколку сакате нешто посветло и поелегантно, тогаш можете да ја направите следнава комбинација којашто е стилска и смирена комбинација на бои.

Третиот наш избор е погоден за во детска соба, типично женска кобинација ,многу нежна и софистицирана комбинација на бои.

Четвртата кобинација е многу уникатна и одговара во простори коишто се минималистички и многу модерно уредени.Погодна е за во секој простор.

Последната комбинација е типично машка комбинација и одговара во секој работен простор, посебно кадешто уредувањето е покласично.Комбинација на сива боја со мешавина на кафеави нијанси,коишто даваат една топлина на целата композиција.
Без оглед на тоа што ќе изберете нема да згрешите зашто комбинациите се совршени и елегантни.
Creatissimo JR
10. сеп 2010
Идеја за магнетна табла за Вашето дете |