| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Од овој прилог ќе научите како да направите една прекрасна и многу модерна декорација, а сепак ќе Ви треба само малку труд и една едноста
Ова е нешто што треба секако да го направите, зашто изгледа навистина прекрасно и едноставно. Сликата можете да ја ставите каде било: во детска соба, дневна соба, ходник и тн.

Потребен материјал за да ја изработите оваа слика е:
-рамка за слика,
-бела хартија,
-хартија во боја,
-исечени примероци,
-лепило за хартија.

Купете бела едноставна рамка за слика со стакло, што ќе можете да ја отворите.
Од еден принтан лист или списание/ весник направете осум форми на пеперутки со помош на калап(модел) за пеперутки и една пеперутка во различна боја од останатите ( во случајов ние избравме златна боја!).

Залепете ги пеперутките на хартијата (како што гледате на сликата!) затворете ја рамката и... сликата е готова.

Ние избравме пеперутки, но вие можете да изберете форма што Вам најмногу Ви се допаѓа. Уникатно и едноставно,нели?!

Matejad
Matejad
14. сеп 2010
Торба за украс и употреба |
Стара гајба со нов изглед |
Торба за на училиште |
Идеја за подарок или практичен украс |