| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
По овој прилог, сигурна сум дека веднаш ќе ги направите овие вазни, зашто се преубави и едноставни за правење.

Соберете ги сите празни шишиња што не планирате да ги употребувате, и тоа во различни форми и големини.

Потребни материјали за да ги изработите овие вазни се:
-празни шишиња,
-бела акрилна боја,
-боја во друг тон,
-четка и малку вода.

Шишињата добро измијте ги и почекајте да се исушат.Белата акрилна боја разредете ја со малку вода.Ставете од бојата во шишето и распространете ја во сите правци, сè додека шишето целосно не се обои.

Вишокот боја ставете го во друго шише.Изберете боја што Вие ја сакате и што ќе одговара на уредувањето во Вашиот дом.

Можете истовремено да измешате две или повеќе бои. Многу е важно бојата добро да се исуши ,па затоа почекајте неколку дена пред да ставите цвеќе во вазните.

Ставете ружи или гербери во вазните... ќе изгледаат прекрасно.Овие вазни се интересни не само за во домот , туку и за на тераса или во градината, кога ќе посакате да ручате во природа.

Значи, од денес па во иднина празните шишиња (особено оние со интересни форми) немојте да ги фрлате.

Денес можете да пробате да го направите тоа, ќе Ви одземе неколку минути, а ќе добиете уникатни вазни.
Matejad
Matejad
16. сеп 2010
Торба за употреба или декорација |
Цвеќиња и вазни |
Декоративни плочки |
Столна ламба |