Моја декорација: рециклирана вазна

Вазна направена од употребена амбалажа, стари весници, тантела.......

Она што можете да го извлечете како поука од овој напис е решавање на дилемата дали она што веќе сте го употребиле , можете да го употребите и на друг начин, главно, за да заштедите пари, но и да ја зачувате околината здрава. Рециклирањето е мото на 21. век - чиста и здрава средина! Пробајте да го почитувате ова мото!

Потребен материјал за да ја направите оваа вазна:
-употребен тетрапак од еден  литар,
-весник,
-лепило за дрво,
-четка,
-проѕирен лак
-украсна лента, тантела, копче...

Горниот дел од тетрапакот се сече,  добро се мие внатрешноста и се остава да се исуши.

Весникот пресечете го на поситни парченца и со помош на лепилото и четката почнете да лепите, сè додека не ја залепите целата површина.Оставете добро да се исуши и потоа премачкајте со лак, за да ја заштитите површината.

Земете едно парче тантела и зашијајте ја во форма на цвет, а во средината ставете некое украсно копче.Овој цвет од тантела зашијајте го на една украсна лента, што ќе ја врзете  околу вазната. Рециклираната вазна е готова и можете да ја употребите!

Вашето омилено цвеќе и уживајте во чистата глетка!

MatejaD

 

 


 

Matejad
17. сеп 2010

Албуми

Спални
Врати и претсобја
Уредување градина
Декорации
Работни простории
Кујни
Дневни соби
Детски соби
Капатила

Написи

Фотостории
Колумни
Прочитавме за вас
Така се прави
Решенија
Free prints
Nasveti v slikah

Наградна игра

Најнови
Архивa
Услови

Корисници

Најмногу објави
Најмногу коментари


ПРИЈАВА

Огласување

Ценовник
Понуда
Апликации
Медии

Контакт

Правен совет
RSS
© Copyright