| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Можете да ја ставите на балкон, тераса, прозорец или каде што имате желба или посакувате!
Нудиме една многу добра идеја којашто ќе ги израдува децата, но сепак за ова родителите ќе треба да се потрудат да го изработат. Не е воопшто тешко, треба малку трпение и вешта рака.
Потребен материјал:
-шперплоча со дебелина од 8 до 10 милиметри,
-за крилата, дрвена шперплоча со дебелина од 2 до 4 милиметри,
-две дрвени коцки со дебелина 3 х 3 милиметри,
-долга цилиндрична прачка,
-акрилна боја,
- 2 шрафа,3 дрвени тркалца.
Алат:
-молив,
-пила,
-лепило за дрво,
-лак за дрво,
-четка,
-жица.

Најпрвин се сече подебелата шперплоча за телото на бубамарата, и тоа во облик на бубамара (како што гледате од фотографиите коишто, во овој случај, многу ќе Ви помогнат).

Потоа, од потанката шперплоча исечете четири крила за ветерницата .

Двете плочи на средината издупчете ги за да можете да ја провнете прачката низ нив.

Две по две крила се поврзуваат со дрвените коцки 3 х 3 милиметри, што потоа ќе ги поврзете за основата на бубамарата со жица за да можат лесно да се вртат.

Боењето можете да го направите кога веќе сẻ ќе биде готово или, пак, претходно можете да боите дел по дел, но ќе Ви треба еден ден да чекате за да се исушат сите делови.


Затоа е најдобро тоа да го направите на крај, откако се ќе биде готово.

Црно - црвената комбинација на бои е најпогодна за ветрницата да изгледа привлечно и да почне да се врти.

Децата ќе се радуваат, но и Вие ќе бидете горди на креативниот труд.

Teodor Stankovski
7. окт 2010
Рамка за слика |
Мал интересен свет за Вашите деца |
Торба за употреба или декорација |