| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Прекрасни хартиени модели, што можете да ги залепите на свеќи, лустери или едноставно да Ви бидат на полиците, како декоративни украси.
Mibo студиото од Велика Британија ги изработува овие модели за домашна употреба. На фотографиите можете да ги видите најразличните апликации што се изработуваат во ова студио и се нудат на пазарот. Малите перничиња за Вашата дневна просторија се со птички и цветови.


Тие, навистина, изгледаат особено елегантно, но и весело во истовреме. Лустерите и столните ламби се со цветна декорација што е адаптибилна во секоја соба. Значи, можете да ги купите и да ги поставите во дневната просторија, но исто така и во детската или спалната соба. И, на крај, можете да ги видите хартиените модели во животински форми (елен, був, мече...!).

На вашите полици тие би изгледале како мала зоолошка градина, а секогаш би предизвикувале симпатични и весели чувства.

viktorija
4. ное 2010