| Фотостории | Колумни | Прочитавме за вас | Така се прави | Решенија | Free prints | Nasveti v slikah | БЛОГ |
Ова е едно решение за реконструкција на просторија со комбинирана техника.
Taa кореспондира со современето живеење, а може да се кореспондира со современето живеење, а може да се употреби за уредување на дневен простор или определен угостителски објект.Опремувањето на домот предизвикува едно од највозбудливите чувства во животот, но во истовреме тоа е и најнапорен момент. Денес, кога постојат најразлични идеи и елементи, нашите желби стануваат реалност, па купувањето мебел, боењето на ѕидовите и искористувањето на просторот е задоволство што долго трае.

Современата дневна соба својата топлина може да ја добие со употреба на декоративна техника, што го имитира старото железо, но притоа не губејќи ништо од модерниот изглед.
Меѓутоа, ние многу често ги забораваме ѕидовите. Некогаш, поради недостиг на финансиски средства, а некогаш затоа што не знаеме што да правиме со нив. Но, тие се особено важен сегмент при уредувањето и треба да се обрне посебно внимание на нив.

Техниката на старо железо, што изгледа како ковано железо
При барањето идеално решение за уредување дневна соба со камин, случајно „налетав“ на една италијанска компанија, Оikos, којашто нуди многу декоративни техники за украсување на ѕидовите. Имено, обработката на ѕидот може да изгледа како метална плоча, што исто така е многу интересно.

Притоа, срестнав ѕид што изгледа како оксидирано железо, а таа техника е погодна за декорирање на ѕидовите во некој угостителски објект. Верзијата што имитира рѓа е многу добро решение, особено во комбинација со бел мебел.

Декорацијата во стил на старо железо е многу погодна за ѕидовите во угостителските објекти, во некои гламурозни продавници, но и за ѕидовите во нашите домови. Компанијата на располагање дава безброј нијанси и можете да ги комбинирате во зависност од боите на мебелот што го користите. На пример, неколку најпознати нијанси се:Corten, Battuto, Ruggine, Ossidato.

Боењето во оваа техника можете да го направите и парцијално, односно кога сакате да нагласите само еден ѕид од Вашиот дом.
Употребата на премазот Antico ferro не е многу тешка и не бара многу познавање околу боењето на ѕидовите, но сепак тоа можете да го видите пред да започнете со боењето, и тоа на интернет или, пак, да консултирате некој мајстор.

Оваа техника на ѕидовите им дава еден модерен и софистициран изглед.
Просторот што го декориравме со овој премаз изгледа многу современо, артистички и софистицирано. Пробајте нема да погрешите!
Teodor Stankovski
12. ное 2010